Image by David ROUMANET from Pixabay

27.02.2024 Скопје

Руската влада планира да воведе шестмесечна забрана за извоз на бензин почнувајќи од 1 март, изјави претставникот на рускиот вицепремиер Александар Новак.

Претходно, станицата РБЦ, повикувајќи се на извори, објави дека рускиот премиер Михаил Мишустин одобрил привремена забрана за извоз на бензин од 1 март и зголемување на продажбата на дизел гориво на берзата на 16 отсто.

Овојпат забраната нема да важи за земјите-членки на Евроазиската економска унија – Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author