AMBULANTA DOLNO LISICE

24.02.2024 Скопје

Модерната и современа амбуланта по општа медицина, ПЗУ Калинка Медикал која има склучено договор со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, се отвори деновиве во Долно Лисиче во скопската населба Аеродром. Ова значи дека жителите на ова место ќе ги добијат сите потребни примарни квалитетни здравствени услуги, а со минимални трошоци. Оваа здравствена установа ја посети заменик министерката за здравство Д-р Маја Манолева која направи увид во опремата, просторот, кадрите како и тековната работа на амбулантата прием на пациенти, пријавување и прегледи според потпишаните договори.

„Ја посетив Ординацијата за Општа Медицина ПЗУ Калинка во Долно Лисиче која е единствена ординација во овој регион што има склучено договор со Фондот за здравство. Таа е од голема важност за граѓаните на Долно Лисиче затоа што им нуди пристап до квалитетна медицинска нега со минимални трошоци. Ова е еден од чекорите од нашата стратегија за обезбедување на квалитетна здравствена заштита и достапна медицинска помош за сите граѓани во нашата држава. Ќе ја искористам оваа можност да изразам и благодарност до тимот на ПЗУ Калинка за нивната посветеност и ангажман што е доказ за осигурување на здравствена нега од врвен стандард за сите од Долно Лисиче“, напиша д-р Манолева на официјалниот фејсбук-профил

.Жителите на ова место долги години се лекуваа во амбулантата во Драчево бидејќи овде немаше здравствена устанува. Пред неколку години беше отворена амбуланта, но со помал капацитет на простории. Денес со ПЗУ Калинка Медикал овие граѓани ќе имаат место каде ќе може да се обратат за прегледи, медицински совет, но и можност за анализи направени во лаборатории кои ќе работат во две смени.

Подготвено од М.Д.

About Author