minister za pravda crna gora

26.02.2024 Скопје

Министерот за правда на Црна Гора, Андреј Миловиќ, со мнозинство гласови од Претседателството беше исклучен од Движењето Европа сега (ПЕС), а констатирана е оставка на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на местото заменик претседател на ПЕС на седницата.

„Позицијата на Миловиќ (како министер за правда) во Владата на Црна Гора ќе биде отворена пред планираната реконструкција, а во согласност со постигнатите резултати во областа на владеењето на правото и европската интеграција“, соопшти ПЕС.

Во соопштението се наведува дека за нов член на Претседателството на ПЕС е предложен министерот за енергетика и рударство на Црна Гора, Саша Мујовиќ.

Извршниот одбор на ПЕС на вчерашната седница констатира дека поради прекршување на одредбите од Статутот, одборите во Подгорица и Бар се распуштени.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, вчера поднесе оставка на сите функции во Движењето Европа сега.

„Досегашниот начин на работа е спротивен на ветувањата и вредностите што ги имав предвид при создавањето на Движењето. Поради оваа причина поднесувам оставка од сите функции во Движењето“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа „Х“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author