06.02.2024 Скопје
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот работен ден го започна со посета на Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.
Како што информираат од МВР, од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица Тошковски беше запознаен со комплетниот процес на изработка на личните документи и се разговараше за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите.
„Министерот Тошковски изрази благодарност кон овие луѓе кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет“, се вели во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Подготвено од М.Д.