29.02.2024 Скопје
Метеоролошкиот сателит „Метеор-М“, лансиран од космодромот „Восточни“, е ставен во орбитата со помош на засилувачот „Фрегат“, соопшти руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“.
„Новиот сателит пристигна во одредената орбита и се одвои од засилувачот. „Фрегат“ сега поставува 18 мали сателити од руско и странско производство во нивните одредени орбити“, се вели во соопштението.
Ракетата-носач „Сојуз-2.1б“ полета со сателитите од космодромот „Восточни“ во 8 часот и 43 минути по московско време.
Сателитот „Метеор-М“ е дизајниран да ги истражува природните ресурси на Земјата, да ја следи хелио-геофизичката ситуација во вселената во близина на нашата планета и автоматски да прима информации за мерења. Уредот е опремен и со алатки кои се користат за пребарување и спасување.
Подготвено од А.Ѓ.