01.02.2024 Скопје
Да не се плука по сите здравствени работници, тоа нема да го дозволам, нагласи министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните случувања околу скандалот „Онкологија“. Тој рече дека остава на истражните органи да испитаат до крај и со име и презиме да се знае виновникот.
Мојот став е јасен, јас повеќепати кажав дека оставам истражните органи да си ја вршат својата работа и дополни дека им стојат на располагање сите дополнителни информации.
Според него засекогаш треба органите да постапат правилно, за да навреме се решат сите случаи.
Одговорно, најморално и професионално и како лекар и како министер, велам дека нема да оставиме веќе работите во здравството да се талкаат со години нерешени проблематики.Оставам на истражните органи да се испита до крај и како што кажавме, со име и презиме да се знае кој е виновникот, кажа Меџити.
Според министерот Клиниката за Онкологија и менаџерите ги преземаат сите мерки да таа функционира перфектно, со прегледи, со терапија за сите пациенти.
Подготвено од М.Д.