https://www.facebook.com/photo/?fbid=239459391670278&set=a.239158688367015

05.02.2024 Скопје

Првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката влада, Бојан Маричиќ рече дека сe очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен и законот за рестриктивни мерки.

Од Владата минатата недела информираа дека предлогот е повлечен од собраниска процедура поради административни причини и дека на следната владина седница треба да биде добие зелено светло.

Министерството за правда укажа на низа законски пропусти во предложеното решение. Дека предложеното дополнување на наведениот Закон со кое би можеле да се воведуваат, изменуваат и престануваат рестриктивните мерки врз основа на „правни акти на САД и правни акти на Обединетото Кралство“ е во спротивност со уставниот поредок и суверенитетот на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author