28.02.2024 Скопје
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи Редовно годишно собрание.
Претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, ќе има експозе за МАНУ во 2023 година и предизвиците во претстојниот период.
На дневен ред на собранието на Академијата се Предлог-извештај за работата во 2023 и Предлог-програма за работата во 2024 година од Претседателството на МАНУ.
За финансиските планови на Академијата во оваа година излагање ќе има секретарот на МАНУ, дописен член Блажо Боев.
Подготвено од М.Д.