20.02.2024 Скопје
Претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ, рече дека реконструкцијата на Владата треба да се случи најдоцна до лето бидејќи, како што појасни, резултатите за само три месеци се импресивни.
Мандиќ изјави дека за тоа говорат и пофалбите кои доаѓаат од меѓународните обраќања и, според тоа, реално е реконструкцијата на Владата да се случи пред летото.
„Во меѓувреме ќе постигнеме поголем заеднички напредок“, посочи Мандиќ.
Кога станува збор за безбедносниот сектор, Мандиќ рече дека нема целосна доверба во информациите што му ги даваат.
Мандиќ заклучи дека Црна Гора мора да продолжи по патот на помирувањето и нагласи дека таквиот пат нема алтернатива.
Подготвено од А.Ѓ.