French,President,Emmanuel,Macron,During,A,Meeting,With,Governor,Of

27.02.2024 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека сојузниците на Украина ќе создадат коалиција за испорака на ракети со среден и долг дострел на Киев.

Макрон, по конференцијата на европските лидери за поддршка на Украина, што се одржа во понеделникот во Париз, рече дека е одлучено „да се создаде коалиција за длабоки удари, а со тоа и за ракети и бомби со среден и долг дострел“.

Францускиот претседател ги повика европските земји да произведат повеќе муниција.

„Во следните 10 дена ќе ги ставиме сите овие напори на маса бидејќи разгледавме многу европски и неевропски земји кои имаат на располагање муниција“, додаде Макрон.

Тој изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе сториме се за Русија да не победи“, рече Макрон на прес-конференција.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на состанокот е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author