20.02.2024 Скопје
Нутриционистите долго време препорачуваат вклучување на лосос во оброците, бидејќи студиите покажуваат дека луѓето кои го јадат имаат поголема веројатност да бидат послаби и без болести.
Истражувачите од Универзитетот во Колорадо веруваат дека откриле најмалку четири соединенија во рибата за кои велат дека можат да го намалат нивото на лошиот холестерол.
Една нова студија покажа дека со јадење лосос можете да внесете најмалку 30 метаболити – супстанции кои се формираат при варење или други хемиски процеси.
Научниците од Универзитетот во Колорадо неодамна го истакнаа откривањето на четири клучни соединенија во рибите кои имаат потенцијал да го намалат нивото на лошиот холестерол, масната супстанција одговорна за оштетување на крвните садови и зголемување на ризикот од срцев и мозочен удар.
Нивната неодамнешна студија ги истражуваше нутритивните ефекти од јадењето лосос и идентификуваше најмалку 30 метаболички соединенија кои произлегуваат од варењето и другите хемиски реакции.
Од овие соединенија, четири покажаа значителни позитивни ефекти врз здравјето на кардиоваскуларниот систем. За истражувањето биле регрутирани 41 учесник на возраст меѓу 30 и 69 години кои следеле медитеранска исхрана, збогатена со риба, посно месо, цели зрна и овошје и зеленчук.
По две недели консумирање лосос во нивната исхрана, на учесниците им беа земени примероци од крв и беа направени други тестови за да се процени состојбата на нивниот кардиоваскуларен систем. Исто така, важно е да се наведе дека учесниците биле со прекумерна тежина или дебели, но немале активни метаболички состојби како што е дијабетес тип 2.
Со анализа на примероци од храна и крв, истражувачите идентификуваа 508 уникатни соединенија присутни само во лососот. Од овие соединенија, две се веќе познати по нивната способност да го намалат холестеролот и да го подобрат здравјето на срцето.
Учесниците со повисоки нивоа на овие соединенија во крвта покажаа значително намалување на вкупниот холестерол, липопротеинскиот холестерол со ниска густина, триглицеридите и аполипопротеинот Б, важен маркер за срцеви заболувања.
Покрај тоа, истражувањето укажа на разновидноста на видовите лососи, при што дивиот лосос од Тихиот Океан се смета за најздрав поради содржината на омега-3 масни киселини добиени од алги и планктони во исхраната на рибите.
Медитеранската исхрана, збогатена со овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, јаткасти плодови и маслиново масло, е препознаена како златен стандард на исхрана.
Истражувањата покажаа дека префрлањето од типична западна исхрана на медитеранска исхрана може да го зголеми животниот век и колку побрзо се започне, толку подобри резултати.
Подготвено од А.Ѓ.