izlozba-lesnovo Kumanovo

09.02.2024 Скопје

Во фоајето на Центарот за култура во Куманово е отворена изложба на дела создадени на Лесновската ликовна колонија во 2023 година.Тоа е 31-то издание на колонијата, етаблирана во 1992 година со меѓународен карактер, на кој учествувале 17 уметници а се создадени 30 слики.

Лесновската ликовна колонија е една од најпознатите  ликовни колонии во нашата држава.

„Лесновската ликовна колонија започнала во 1992 година и низ годините станала бренд на нашата општина и се одржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули. Учесниците беа од Република Северна Македонија, но и Бугарија, Србија и Данска, иако порано на колонијата учествуваа учесници и од подалечните држави.Во последните две години работите се враќаат во нормала, и ќе го враќаме поширокиот  меѓународен карактер на колонијата“, истакна на отворањето Сандра Мијалковска, директорка на Дом на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Сликите се работени во повеќе различни техники акрил на платно, масло на платно, спреј на платно и графика, дрворез.

Учесниците се сместени во капацитет во селото Лесново, строго наменет за колонијата. Инспирацијата ја црпат од живописноста на местото и Лесновскиот манастор, едно од најмоќните духовни светилишта во Република Северна Македонија.

Покровител на манифестацијата е Општина Пробиштип, поддржана од Министерството за култура преку конкурсот за проекти од национален интерес, а во целосна организација на Домот на култура „Злетовски Рудар“ од Пробиштип.

Подготвено од М.Д.

About Author