david shtorl

15.02.2024 Скопје

Поранешниот светски шампион во фрлање ѓуле Дејвид Шторл објави дека во петок ќе ја заврши професионалната кариера. Тоа ќе го направи во Лајпциг по завршувањето на националното првенство во сала.

Шторл ја освои својата прва титула светски шампион на отворено во 2011 година во Јужна Кореја во градот Даегу, кога стана најмладиот светски шампион во историјата на оваа дисциплина. Титулата ја одбрани во Москва, а две години подоцна го освои среброто на планетарното првенство во Пекинг. Освои три сребрени медали на Светското првенство во сала (2012, 2014 и 2018 година).

На ЕП на отворено освои три златни медали и еден бронзен медал, а од ЕП во сала има едно злато, две сребра и една бронза. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година стигна до сребрениот медал, па од најголемите натпреварувања зеде вкупно четиринаесет медали.

„Многу сум задоволен, постигнав многу. Беше убаво, бидејќи имав многу можности и се чувствував слободен“, изјави Шторл, чиј личен рекорд е 22,20 метри.

Тој во последните две години имаше многу проблеми со повреда на грбот.

„Во одреден момент почувствував дека ризикот е непропорционален на добивката“, додаде Шторл, кој ја освои бронзата на Европското првенство во сала во Белград во 2017 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author