stanoviii

21.02.2024 Скопје

Кризата со германските станови може да се продлабочи во иднина, е заклучокот од студијата објавена од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во Германија моментално има недостиг од 600.000 станови, а според прогнозата на организацијата Евроконструкт, оваа бројка до 2027 година би можела да се зголеми на 830.000.

Поради големиот пораст на трошоците за изградба и финансирање, често е невозможно да се изградат нови станови во Германија, изјави експертот на МФО, Лудвиг Дорфмајстер.

Тој додаде дека падот на бројот на градежни дозволи „не навестува добро“ за следните години, според веб-страницата на ИФО.

Кризата со недостиг на станови и се заканува не само на Германија, туку и на добар дел од Стариот континент, бидејќи, врз основа на резултатите од истражувањето спроведено во 19 европски земји, изградбата на станови се намалува насекаде, освен во Шпанија и Португалија.

Освен во Германија, состојбата со домувањето особено ќе биде тешка и во Шведска, Франција и Данска.

Во Германија недостатокот на простор за домување е особено критичен во големите градови, што влијае на драстичното зголемување на цените на киријата, се заклучува во извештајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author