https://www.facebook.com/photo?fbid=137506092606323&set=pb.100090407993687.-2207520000.

06.02.2024 Скопје

Министерот за правда Кренар Лога на 8 февруари ќе отпатува за Анкара каде ќе има средби со официјални турски претставници на кои ќе се разговара и за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју  вели дека не сака да прејудицира дали овие разговори би можеле да ја забрзаат екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека е неопходна лична и директна комуникација за да се види што треба дополнително да се направи.

„Па сега не сакам да прејудицирам која, што ќе биде содржината на разговорите таму. Но, во секој случај неопходна е комуникацијата директна и лична таму да се биде, за да се види кои би биле постапките, процедурите, што би требало дополнително, евентуално, да се направи. Затоа е таа лична комуникација и е воспоставена во рамки на меѓународната соработка со соодветните братски институции со коишто соработуваме и со коишто соодветно имаме билатерални спогодби за комуникации“, рече Џафери.

Лога во Турција ќе отпатува заедно со претставници на правосудството. Ќе се сретне со министерот за правда на Република Турција, а предвидени се и средби со претседателот на Собранието, со претседателите на Уставниот и Врховниот суд, како и со претставници на Академијата за судии и јавни обвинители.

Подготвено од М.Д.

 

About Author