06.02.2024 Скопје
На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак, соопшти Бакингемската палата. Тие не прецизираа за каков вид на рак се работи.
Тоа не е рак на простата, но беше откриен за време на неговиот неодамнешен третман за зголемена простата.
Кралот ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.
„Кралот Чарлс одлучи да објави дека му е дијагностициран рак за да избегне шпекулации и со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето ширум светот кои имаат рак“, се вели во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.