08.02.2024 Скопје
Приходите од посетите на Акропол се зголемени за 14 милиони евра во однос на минатата година, изјави грчката министерка за култура Лина Мендони.
Обраќајќи им се на пратениците во парламентот, таа посочи дека таквиот успех се должи на „надградбата на сите служби“.
Мендони изјави дека зголемувањето на приходот на овој иконски историски локалитет на 60 милиони од 46 милиони евра се должи пред се на новиот систем на електронски билети.
Опозиционерите се спротивставија на одлуката за поскапување на влезот во комплексот, со што велат дека ќе се зголеми цената за цели 300 проценти.
Министерот одговори дека новата цена за посета на Акропол ќе биде во согласност со политиката во другите земји членки на Европската унија и ќе се применува од април 2025 година.
Таа рече дека „во споредба со националните споменици со слични димензии во другите земји од ЕУ, цените на билетите во Грција се значително пониски“.
Подготвено од А.Ѓ.