stanoviii

23.02.2024 Скопје

Податоците на Монстат покажуваат дека просечната цена на метар квадратен на новоизграден стан во Црна Гора во четвртиот квартал од 2023 година изнесува 1.790 евра.

Во Подгорица цената на метар квадратен стан била 1.862 евра.

На брегот цената е 1.771 евро, а во централниот регион на земјава 915 евра.

На север просечната цена на стан во нова зграда била 1.091 евро.

Од Монстат велат дека просечната цена на квадрат стан во нова зграда во значителна мера зависи од учеството на становите кои спаѓаат во категоријата солидарна станбена изградба.

„Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде значително пониска, односно ако уделот е помал, просечната цена ќе биде повисока“, додава Монстат.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во Црна Гора во категоријата комерцијални компании во четвртиот квартал од минатата година изнесува 1.795 евра.

Во категоријата солидарна станбена изградба таа изнесува 589 евра.

Според методологијата на истражувањето „цена на станови во нова градба“, при пресметката на просечната цена на метар квадратен стан во нова градба, само становите кои првпат се продадени на пазарот, т.е. е склучен купопродажен договор за прв пат, земени се предвид.

„Објект на опсервација на ова истражување не се становите од стариот станбен фонд, ниту други видови недвижен имот: деловни згради, земјиште и други. Истражувањето не ја одразува понудата и побарувачката на нови станови на пазарот, туку цените пресметано врз основа на склучени купопродажни договори“, се заклучува во соопштението на Монстат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author