23.02.2024 Скопје
Во текот на вчерашниот ден ширум Соединетите Американски Држави дошло до голем прекин на мобилната телефонија, поради што некои полициски одделенија не добиле итни повици.
Според податоците на онлајн платформата Daun Detektor, која на корисниците им обезбедува информации во реално време за статусот на различни услуги, најголем број проблеми со перикидите доживеал телекомуникацискиот оператор AT&T, кој примил речиси 32.000 поплаки околу 4:30 часот наутро.
Повеќе од 800 прекини на услуги беа пријавени и кај операторите T-Mobil и Verizon, а имаше и проблеми кај помалите оператори како Boost Mobile, Consumer Cellular и Straight Talk Wireless.
Корисниците пријавиле дека нивните телефони прикажуваат СОС-порака, поради што не можат да остваруваат повици или да пристапуваат до услугите.
Се уште не е позната причината за колапсот.
AT&T одговори на поплаките на клиентите преку интернет, додека Verizon рече дека неговата мрежа работи нормално, како и T-Mobil, кој додаде дека клиентите може да имаат проблеми со појдовните повици кон друга мрежа.
Подготвено од А.Ѓ.