10.02.2024 Скопје
Грчките филозофи Питагора и Парменид од шестиот и петтиот век п.н.е. ја презентирале теоријата за топчестата форма на Земјата, додека Аристотел веќе околу 350 п.н.е. формулирал конкретни научни докази за кружната форма на Земјата.
Првиот доказ е кружната сенка што Земјата ја фрла на Месечината за време на нејзиното затемнување (кога Земјата е помеѓу Месечината и Сонцето), а вториот е доказ за поместување и зголемување на хоризонтот со висина.
Во првата половина на петтиот век п.н.е., грчкиот астроном Евдокс како доказ за топчестата форма на Земјата ги претставил промените во положбата на соѕвездијата на небото, над хоризонтот, при патување во правец север-југ и обратно.
Подготвено од А.Ѓ.