02.02.2024 Скопје
Сите знаеме дека оваа 2024 година е престапна. Тоа е година која има еден ден повеќе од вообичаениот број, значи 366.
Еден ден плус му се „припишува“ на февруари, односно овој месец има 29 дена во престапна година. Постојат неколку верувања за престапната година. Многумина сметаат дека не треба да се започнува или прави нешто во оваа година, а ние издвоивме некои од работите кои треба да ги имате на ум.
Првото верување кое би го издвоиле е дека не треба да се венчавате во престапната година.
Мора да признаете дека ова е малку бизарно верување, бидејќи – дали навистина е можно да помине цела година без ниту една свадба? Во Грција дури се верува дека целата година е лош знак за брак, особено ако на 29-ти февруари решите да го кажете судбоносното „да“.
Исто така, уште едно неверојатно верување поврзано со овој „тип“ на годината, е дека сите деца родени во престапна година ќе немаат среќа во животот. На тоа се надоврзува и фактот што оние луѓе родени на 29 февруари го слават својот роденден еднаш на четири години и тоа е малку жално.
Мажи, доколку одлучите да запросите девојка во престапна година, се смета дека таа може да ве одбие и тоа може да биде и лош знак како и за стапување во брак.
Информацијата која најмногу ги засега земјоделците, а веројатно ја слушнале оние кои долго време се занимаваат со оваа дејност, е дека не треба ништо да садите во престапна година бидејќи се верува дека тоа растение или што и да сте насадиле ќе вроди со плод. секоја четврта година, односно секоја престапна година. Исто така, се советува да не се купува нова опрема, ниту да се жнее и сее, бидејќи оваа година се смета за лоша за целиот род.
Постои верување дека стапката на смртност се зголемува во престапна година. Ова, се разбира, не е докажано.
Подготвено од А.Ѓ.