15.02.2024 Скопје
Кинеското ресорно министерство соопшти дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оваа недела ќе отпатува во Европа за да учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија.
Кинеската дипломатија објави дека во европската турнеја на Ванг, закажана од 16 до 21 февруари, ќе бидат вклучени и Шпанија и Франција, каде што ќе учествува во стратешкиот дијалог меѓу двете земји.
Посетата на кинескиот министер на Шпанија ќе биде прва по шест години, додека посетата на Франција е во чест на 60-годишнината од дипломатските односи.
Конференцијата во Минхен, која почнува утре, секоја година собира функционери од целиот свет и треба да биде вистински барометар на трансатлантските односи.
Подготвено од А.Ѓ.