20.02.2024 Скопје
Официјалните податоци покажуваат дека Кина се вратила на нивото пред пандемијата во однос на вложените пари во туризмот. За домашен туризам се потрошени 632,7 милијарди јуани или околу 87,9 милијарди долари, што е за речиси 47 отсто повеќе отколку во периодот на одмор минатата година.
Инвестицијата беше зголемена поради тоа што годинава прославата на лунарната нова година траеше еден ден подолго од вообичаеното.
Бројките покажуваат дека Годината на змејот започна со 474 милиони патувања направени од луѓе за време на осумдневниот одмор, кој заврши во неделата.
Тоа е за 34 отсто повеќе отколку за време на празниците минатата година и 19 отсто повеќе отколку во периодот пред пандемијата во 2019 година.
Празникот, познат и како Пролетниот фестивал во Кина, ја претставува најголемата годишна миграција во светот. Стотици милиони луѓе се враќаат во своите родни места за да го поминат одморот со семејството или да посетат бројни туристички дестинации низ Кина.
Големите лунарни новогодишни прослави беа откажани за време на пандемијата, а патувањето беше забрането.
Ваквото зголемување на инвестициите во прославата на лунарната нова година ретко е добра вест за втората по големина економија во светот.
Заменик-гувернерот на Народната банка на Кина, Џанг Кингсон, рече дека владата ги поддржала банките и локалните бизниси да прифатат странски платежни картички и размислува за други чекори за олеснување на користењето на мобилните плаќања од странските посетители.
Подготвено од А.Ѓ.