kinaaa

19.02.2024 Скопје

Кина е подготвена да работи со ЕУ за промовирање на еднаков и уреден мултиполарен свет, за секоја земја да има свое место во глобалниот мултиполарен систем, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

„И Кина и ЕУ се залагаат за мултилатерализам. Кина е подготвена да работи со ЕУ за да промовира инклузивна економска глобализација во корист на сите и да ја прошири соработката за да постигне заеднички развој и просперитет“, рече тој на состанокот со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, политика и безбедност Жозеп Борел.

Ванг рече дека Кина и ЕУ, како стабилизирачки сили во светот, треба да работат заедно за да ги решат предизвиците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author