06.02.2024 Скопје
Касим-Жомарт Токаев, претседателот на Казахстан, потпиша указ за именување на шефот на кабинетот Олжас Бектенов за премиер на таа земја, соопшти прес-службата на претседателот.
„Со указ на шефот на државата, Олжас Абаевич Бектенов е именуван за премиер на Република Казахстан и тој е разрешен од сегашната функција“, се наведува во указот.
Алихан Смаилов, кој ја предводеше владата на Казахстан од јануари 2022 година, поднесе оставка во понеделникот, без да наведе причина.
Претходно денеска кандидатурата на Бектенов за премиерската функција ја предложи владејачката партија Аманат, а на тоа именување се согласи Мажилис, односно Долниот дом на парламентот.
Бектенов ја предводеше администрацијата на претседателот на Казахстан од април 2023 година. Со текот на годините, тој работел како шеф на Одделот за борба против корупцијата, како и во Министерството за правда и Финансиската полиција на Казахстан.
Подготвено од А.Ѓ.