27.02.2024 Скопје
Швајцарскиот град Цирих по грешка на своите вработени им исплатил двојно поголема плата за февруари, јавуваат локалните медиуми.
Околу 30.000 вработени земале две плати, а грешката ја направила кантоналната банка во Цирих (ЗКБ).
Локалните власти изјавија дека ЗКБ направила техничка грешка и дека градската управа направила се како што треба.
Градските власти „немаат што да слават“, бидејќи се обврзани да ја вратат втората плата исплатена по грешка.
Вредноста на дуплираните плати е околу 200 милиони долари, а градските власти и ЗКБ во моментов работат на што поедноставно отплатата.
Подготвено од А.Ѓ.