02.02.2024 Скопје
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија може официјално да ја признае државата Палестина по прекинот на огнот во Газа и пред исходот од повеќегодишните преговори меѓу Израел и Палестинците за решение за две држави.
„Признавањето не може да дојде на почетокот на процесот, но не мора да биде ниту на крајот. Тоа би можело да биде нешто за што би размислувале како дел од процесот додека навистина се движиме кон решение“, рече Камерон, додавајќи дека на палестинскиот народ треба да му се овозможи да види подобра иднина и „иднина во својата земја“.
„Таа перспектива е апсолутно витална за долгорочниот мир и безбедност во регионот“, рече Камерон.
Тој додаде дека првиот чекор кон тоа мора да биде „пауза во борбите“, што на крајот ќе стане „траен и одржлив прекин на огнот“.
Британското признавање на државата Палестина е условено од тоа дали членовите на палестинската милитантна група Хамас ќе ја напуштат Газа.
„Не може да има решение за две држави ако Газа сè уште е под контрола на луѓето одговорни за нападот на 7 октомври“, рече Камерон.
Подготвено од А.Ѓ.