15.02.2024 Скопје
По триесет години живот во Сиетл, мултимилијардерот Џеф Безос и неговата свршеница се преселиле во Мајами. Овој потег може да значи 600 милиони долари даночни заштеди за Безос.
Имено, сојузната држава Вашингтон, каде што се наоѓа Сиетл, во 2022 година го зголеми данокот на капиталната добивка од продажбата на акции и обврзници во вредност од над 250 илјади долари на 7 отсто.
Сепак, државата Флорида нема данок на капитална добивка.
Безос од 1998 година заработил милијарди долари со продажба на акции на Амазон. Овие пари биле наменети за неговите филантропски потфати, но и за аеронаутичката компанија Blue Origin како и за неговата мега јахта која наводно чинела 500 милиони долари.
Кога почна да се применува новиот данок во државата Вашингтон, Безос престана да ги продава акциите на Амазон и не продаде ниту една акција во текот на целата 2022 и 2023 година.
На крајот на минатата година и неговата преселба во Мајами, Безос најави дека планира да продаде 50 милиони акции до крајот на јануари 2025 година. Се проценува дека оваа продажба, според моменталната вредност на акциите, би можела да биде вредна 8,7 милијарди долари.
Само минатата недела, Безос продаде акции на Амазон во вредност од 2 милијарди долари и заштеди 140 милиони долари поради данокот без капитална добивка на Флорида.
Се проценува дека ова олеснување ќе заштеди дополнителни 610 милиони долари во следните две години.
Медиумите пишуваат дека самото преселување во Мајами не било евтино – Безос потрошил 147 милиони долари на две вили во ексклузивната населба Индијан Крик, каде живеат едни од најбогатите луѓе во Америка.
Подготвено од А.Ѓ.