05.02.2024 Скопје

Денеска јужнокорејската Администрација на програмата за набавка на одбраната (ДАПА) соопшти дека Јужна Кореја и Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за разбирање за проширување на одбранбената соработка.

Сеул и Ријад, според новиот договор, ќе формираат заеднички комитет кој ќе биде задолжен за формирање работна група за истражување и развој на вооружените системи, како и производство, како дел од континуираната соработка во сферата на одбраната.

Јужна Кореја сака да ја зголеми продажбата на оружје за да стане еден од најголемите добавувачи на оружје во светот, и покрај, жестоката конкуренција на светскиот пазар.

Според податоците на јужнокорејското Министерство за одбрана, Сеул во 2022 година забележа скок од околу 10 милијарди долари во продажбата на оружје од 7,25 милијарди долари колку што беше претходната година, на 17 милијарди долари.

Дополнително, извозот на оружје во земјите од Блискиот Исток се зголеми за речиси десетпати од 2013 до 2022 година, според податоците на Јужнокорејската трговска и индустриска комора.

Во изминатите години, јужнокорејските компании „Ханва“ (Hanwha), „Понгсан“ (Pongsan) и „ЛИГ Нек1“ (LIG Nek1) заеднички склучија договори со Саудиска Арабија во вредност од околу 989 милиони долари, за повеќецевни ракетни фрлачи, муниција и електро-оптички системи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *