fukushima

28.02.2024 Скопје

Јапонија почна да испушта нова количина на пречистена вода од нуклеарната централа Фукушима во четвртиот циклус, што треба да трае до 16 март, покажуваат податоците на токиската електроенергетска компанија Тепко.

Операторот на централата планира да испушти 7.800 тони вода во Тихиот Океан.

Претходните три рунди на испуштање на пречистена вода од нуклеарната централа „Фукушима“ беа извршени во август, октомври и ноември 2023 година.

Јапонија почна да испушта околу 1,34 милиони тони пречистена вода од нуклеарна централа во океанот во август 2023 година и покрај протестите од соседните земји и локалните рибари.

Вкупно, повеќе од 31.000 тони „благо“ радиоактивна вода ќе бидат ослободени во текот на фискалната 2023 година, која завршува на 31 март. Целиот процес се очекува да трае најмалку 30 години.

Нуклеарната централа беше тешко оштетена во земјотресот и цунамито во 2011 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author