toplo vreme vo zima

08.02.2024 Скопје

Минатиот месец беше најтоплиот јануари во историјата, соопштија денеска од Службата за климатски промени на ЕУ „Коперник“.

Според податоците на „Коперник“, изминатиот месец го престигна досега најтоплиот јануари забележан во 2020 година. „Коперник“ собира податоци од 1950 година.

„Јануари не само што беше најтопол во историјата, туку и во изминатиот дванаесетмесечен период беше измерена температура повисока од 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период“, изјави заменик директорката на „Коперник“ Саманта Бурже.

Американските научници предвидуваат дека има големи шанси оваа година да биде многу потопла од минатата година и да биде меѓу петте најжешки во историјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author