ungarija zname mesto

27.02.2024 Скопје

Унгарскиот парламент го избра поранешниот претседател на Врховниот суд Тамаш Суљок за нов претседател на државата.

Се очекува Суљок да ја преземе функцијата на 5 март.

Пратениците претходно едногласно ја прифатија оставката на претседателот Каталин Новак.

Новак поднесе оставка поради скандалот што избувна на почетокот на февруари кога се дозна дека пред посетата на папата Франциско на Будимпешта во април 2023 година, таа го одобрила барањето за помилување на поранешниот заменик директор на сиропиталиште, кој беше осуден за прикривање на сексуалното злоупотреба на деца.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author