demiri abdus

29.02.2024 Скопје

Со 90 гласа „за“ без ниту еден против и воздржан собранието го избра Абдуш Демири од опозициска БЕСА за член на ДИК.

Демири е седмиот член на ДИК со што се комплетираше составот на комисијата, која цела година работеше со 6 челна.

Постапката во Собрание се проблематизираше со барањето на Алијанса да го задржи местото во ДИК иако стана владеачка партија, додека Европскиот сојуз за промени инсистираше на својот предлог како втора опозициска коалиција.

Највисокиот изборен орган има 7 члена, од кои четворица се бираат по предлог на власта а тројца се предложени од опозиција. Поради проблематизирање на овој принцип, Европскиот сојуз за промени од декември ја бојкотира работата на Собранието.

Инаку од денеска на полноќ започнува јавниот увид во Избирачкиот список за престојните избори и ќе трае до 18 март на полноќ.

Подготвено од М.Д.

About Author