helikopter

29.02.2024 Скопје

Неколку лица биле забележани вчеравечер во Атлантскиот Океан, откако хеликоптер кој претходно испратил аларм исчезнал кај брегот на Норвешка, соопшти норвешката спасувачка служба.

Спасувачката операција е во тек, а не се знае колку луѓе имало во хеликоптерот.

Норвешкиот јавен сервис „НРК“ јавува дека на местото на инцидентот западно од градот Берген има неколку возила за итна помош.

Директорката на компанијата Бристу Норвешка, Хајди Вулф Бројк, изјави дека хеликоптерот е на таа компанија што превезува екипажи до нафтените инсталации во Северното Море.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author