evro kolaps

23.02.2024 Скопје

Евростат објави дека инфлацијата во Европската унија значително забави на почетокот на годината, потврдувајќи ја проценката за благо забавување на растот на потрошувачките цени во еврозоната.

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП), кој овозможува споредба меѓу земјите членки, во јануари се намали на 3,1 отсто, од 3,4 отсто во претходниот месец, и со тоа се изедначи со нивото од ноември.

Табелите на Европскиот завод за статистика покажуваат дека на месечна основа, цените се лизнаа за 0,2 отсто, отккако во декември беа зголемени за 0,1 отсто.

Во јануари, годишната стапка на инфлација мерена со ХИЦП изнесуваше 2,8 отсто во еврозоната, согласно проценката на Евростат објавена на почетокот на февруари. Во декември таа изнесуваше 2,9 отсто.

На почетокот на годината најмногу падна цената на енергијата во еврозоната, за 6,1 отсто во однос на истиот период лани, поблаг од декември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author