poplavi

16.02.2024 Скопје

На крајот на декември обилните дождови во Демократската Република Конго предизвикаа рекорден пораст на нивото на реката Конго и принудија околу 500.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Властите во ДР Конго и невладината организација „Лекари без граници“ соопштија дека шеснаесет од 26-те провинции на ДР Конго се борат со последиците од поплавите, за кои сега се знае дека загинаа најмалку 221 лице.

„Уништени се десетици илјади домови. Покрај тоа, локалното население е изложено на ризик од маларија и тифус“, се наведува во соопштението на властите во ДР Конго и невладината организација „Лекари без граници“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author