27.02.2024 Скопје
Јеменските Хути погодија четири подводни комуникациски кабли во Црвеното Море меѓу Џеда во Саудиска Арабија и Џибути, кои беа оштетени во таа прилика, загрозувајќи ја комуникацијата меѓу Европа и Азија.
Биле вклучени каблите на компаниите AAE-1, Seacom, EIG и TGN, а овој напад предизвика сериозен прекин на интернет комуникацијата меѓу Европа и Азија, а најголемата штета е почувствувана во земјите од Персискиот залив и Индија.
Проценките се дека штетата на комуникациските активности е значајна, но не и критична, бидејќи низ истиот регион минуваат и други кабли што ги поврзуваат Азија, Африка и Европа, кои не беа погодени.
Поправката на подводните кабли може да потрае најмалку осум недели, според проценките, а постои и ризик од нов напад на Хутите.
Подготвено од А.Ѓ.