22.02.2024 Скопје
По земјотресот со јачина од 3,7 степени, јужна Хрватска ја погоди уште еден земјотрес.
Овој бил уште посилен, според првите податоци на ЕМСЦ, магнитудата е 4,1 степени, а епицентарот бил кај Метковиќ.
Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.
Да потсетиме, околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум.
Потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.
Подготвено од А.Ѓ.