13.02.2024 Скопје
Холандскиот суд нареди прекин на извозот на делови за авиони Ф-35 во Израел, бидејќи верува дека постои ризик тие да бидат искористени за кршење на меѓународното право.
Холандскиот апелационен суд и нареди на холандската влада да го блокира целиот извоз на делови за борбени авиони Ф-35 во Израел во рок од седум дена.
„Неоспорно е дека постои јасен ризик извезените делови од Ф-35 да се користат во сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, рече судот.
Делови од авионите Ф-35 се во сопственост на Соединетите Американски Држави, се чуваат во складиште во Холандија, а потоа се испраќаат до неколку партнери, меѓу кои и Израел, преку постоечките договори за извоз.
„Со тоа, Холандија придонесува за сериозни прекршувања на хуманитарното право за војна во Газа“, тврдат групите за човекови права, чија жалба беше прифатена од судот во понеделникот.
Дел од пресудата: „Судот и нареди на државата да го прекине целиот реален извоз и транзит на делови од Ф-35 во Израел во рок од седум дена од донесувањето на оваа пресуда“.
Подготвено од А.Ѓ.