senegal

06.02.2024 Скопје

Полицијата и демонстрантите се судрија пред парламентот во Сенегал, земја која долго време се смета за најстабилна демократија во Африка.

Сепак, работите очигледно се променија, со тоа што опозицијата излезе на улица откако актуелниот претседател Меки Сал успеа да го протурка одложувањето на изборите закажани за само три недели.

Членовите на парламентот гласаа за одложување на изборите, давајќи му на Сал дополнителни десет месеци на власт. Сал тврди дека нема да бара нов мандат, но опозицијата е убедена дека сака да влијае кој ќе го наследи.

Калифа Сал, водечки опозициски политичар, кој не е поврзан со Маки Сал, го нарече одложувањето уставен удар. Тиерно Аласане Сал, еден од кандидатите, исто така неповрзан со претседателот, одложувањето го нарече предавство. И двајцата ги повикаа граѓаните да протестираат пред Собранието.

Сенегал е единствената земја во Западна Африка каде никогаш немало обид за воен удар. Во својата независна историја, таа трипати спроведе релативно мирен трансфер на власта, а изборите никогаш претходно не беа одложени. Сенегал дури функционираше како стабилизирачка локална власт во Западна Африка. Во 2017 година сенегалската армија водеше африканска мисија во соседна Гамбија со цел да го собори претседателот Јахја Џамех, кој одби да признае дека ги загубил изборите. Актуелниот претседател Сал беше клучен играч во работењето на Економската заедница на западноафриканските држави (Ecowas) која ги принуди воените влади да распишат избори и да ја предадат власта на цивили.

„Оваа ситуација го фрла Сенегал во уставна криза бидејќи изборите мора да се одржат најмалку 30 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател. Ова е непозната територија за Сенегал“, коментира Мукахид Дурмаз, аналитичар специјализиран за Западна Африка во консултантската компанија „Вериск Мејплкрофт“.

Тензиите растат веќе две години. Тогаш опозицијата ја обвини власта дека се обидува да го исфрли од игра нивниот кандидат со негово обвинение.

Во понеделникот, владата го ограничи интернетот за, како што рече, да спречи ширење на пораки за субверзија и омраза кои го загрозуваат јавниот ред и мир. Сепак, опозицијата посочува дека тоа е направено порано за да се спречи организирање протести. Опозицијата ја обвинува и власта дека го исклучила сигналот на приватната телевизија Walf TV. Власта тврди дека се обиделе да ги спречат повиците за насилство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author