03.02.2024 Скопје

Климатската активистка Грета Тунберг е ослободена од обвиненијата за нарушување на јавниот мир поради протестот пред местото на конференцијата за нафта и гас минатата година, одлучи судот во Лондон.

Тунберг, која стана истакната активистка ширум светот откако организираше неколкунеделни протести пред шведскиот парламент во 2018 година, беше ослободена од Судот во Вестминстер.

Протестот беше дел од серијата демонстрации насочени кон компаниите за фосилни горива и банките кои присуствуваа на енергетската конференција во Лондон.

На годишниот состанок на енергетските компании присуствуваа менаџери на најголемите компании за фосилни горива, како и политичари.

Тунберг беше приведена во октомври додека протестираше со стотици други демонстранти пред лондонскиот хотел Интерконтинентал.

Таа и уште четири лица, на возраст меѓу 19 и 59 години, беа обвинети дека не ја послушале наредбата на полицијата да го преместат својот протест на одредена локација во близина на конференцијата.

Сепак, судијата Џон Ло пресуди дека условот поставен за протестот е незаконски бидејќи полицијата можела да наметне помали ограничувања и затоа што условите биле нејасни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *