16.02.2024 Скопје
Грција стана првата земја, во која православните се мнозинство, а која ги легализираше истополовите бракови.
На истополовите парови сега законски ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, по вчерашното гласање во парламентот.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе поддржи сериозна нееднаквост“.
Законот беше усвоен со просто мнозинство во парламентот од 300 пратеници.
Мицотакис беше за законот, но му требаше помош од опозициските партии за да собере мнозинство, додека повеќе од десетина пратеници од неговата централно-десничарска партија се спротивставија на одлуката.
Во Европската унија, 15 земји, од вкупно 27, веќе ги легализираа истополовите бракови, а во светот има 35 земји кои го направија тоа.
Подготвено од А.Ѓ.