16.02.2024 Скопје
Грчките земјоделци планираат да одржат протестен митинг во Атина на почетокот на следната недела, со цел да го зголемат интензитетот на протестот поради зголемените трошоци за енергија и конкуренцијата од странство, објавија земјоделските синдикати.
Од слични причини како и нивните колеги во Франција, Белгија, Холандија, Полска и Италија, грчките земјоделци протестираа со помош на трактори низ целата земја, блокирајќи ги патиштата и граничните премини за товарни камиони.
Владата во вторникот предложи натамошна поддршка за овој сектор, вклучително и поевтина струја за две години, како и едногодишно продолжување на даночното олеснување за дизелот што го користи земјоделската механизација, кое беше продолжено минатата недела.
„Одлучивме да организираме голем митинг со нашите трактори и автомобили во вторник во Атина“, изјави на прес-конференција шефот на синдикатот на земјоделците во Лариса, Ризос Марудас.
Подготвено од А.Ѓ.