28.02.2024 Скопје
Деновиве жителите на Покупље и Туропоље беа вознемирени од воена активност на воениот полигон Слуњ. Иако Министерството за одбрана знае да информира кога се во тек воените вежби, овој пат немаше таква информација.
Жителите на Покупље и Туропоље, како што се пожалија за „Тпортал“ дел од нив, деновиве ги вознемириле необично силните експлозии кои доаѓале од воениот полигон Слуњ.
Иако, секако, активностите на воениот полигон не се необична работа, овојпат на веб-страницата на Министерството за одбрана на Хрватска немаше информации за некакви вонредни воени вежби. Затоа медиумите ги прашаа што се случува во Слуњ.
„На воениот полигон „Еуген Кватерник“ кај Слуњ, од 20 февруари до 8 март 2024 година се изведува сојузничка воена вежба со гаѓање во живо. Во оваа вежба Хрватската армија дава поддршка на земјата домаќин (Поддршка на нацијата домаќин – ХНС), а спроведувањето на вежбата на територијата на Република Хрватска е дефинирано со Одлуката на Владата на Република Хрватска за преминување на границата на Република Хрватска од страна на вооружените сили на сојузничките земји и Вооружените сили на Република Хрватска со цел учество на заеднички обуки и вежби во 2024 година“, велат од Министерството за одбрана.
Станува збор за одлука која беше донесена на затворена седница на Владата на крајот на јануари, но бидејќи беше прогласена за доверлива, не е јасно кој учествува во неа и за каква вежба се работи.
Од Министерството за одбрана само одговараат дека тоа се спроведува во дневни и ноќни услови. „
Се очекува зголемена бучава при реализацијата, затоа бараме од граѓаните трпение и разбирање“, велат од Министерството за одбрана.
Подготвено од А.Ѓ.