23.02.2024 Скопје
Со одлука на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан и врз Уставот на МПЦ, градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски беше одликуван со орден за посебен придонес, кој го носи името на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, „Архиепископ Доситеј“.
Ова признание, како што информира Општина Кисела Вода, за градоначалникот Ѓорѓиевски е за неговиот придонес за поставувањето на крстот во Драчево и реконструкцијата на храмот „Света Петка“ во Црниче.
„Како човек кој е израснат во семејство кое ја почитува верата и традицијата, мојата водилка секогаш е Бог. И секогаш, колку што можам ќе помогнам на сите, на Црквата и на нашиот народ. Да се трудиме да станеме подобри луѓе, да има добра мисла помеѓу нас и секогаш да си подаваме рака – тоа е мојата вековна мисија! Сакам да изразам огромна благодарност до г.г. Стефан, кој секогаш е моја поддршка и ми дава мудри совети и Светиот Синод за оваа чест“, изјави Ѓорѓиевски.
Подготвено од М.Д.