14.02.2024 Скопје

Десетина полициски автомобили учествуваа во потерата по улиците на главниот град на Хрватска во вторникот вечерта, јавуваат медиумите.

Црвениот автомобил кој во вторникот вечерта со голема брзина ја прелета улицата Јарунска предизвика вистински хаос на патиштата во Загреб.

Автомобилот кој полицијата го бркаше на крајот од потерата излетал од патот во Рудеш, во близина на облакодерот SkyOffice.

Дознаваме дека во потерата биле оштетени и два полициски автомобили.

Хрватските медиуми јавуваат дека возачот В.Д.К (27) по апсењето бил пренесен во болница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *