12.02.2024 Скопје
Цените на комерцијалните недвижности во Германија паднаа за 12,1 отсто во последните три месеци од 2023 година во споредба со една година претходно, соопшти банкарското здружение ВДП.
Тоа е најголемиот месечен пад забележан и знак за најголемата криза во индустријата за недвижнини во последните децении.
Вкупниот пад на цените во однос на нивниот врв во вториот квартал од 2022 година изнесува 16,5 отсто, објави ВДП.
„Преврт на трендот за цените на недвижностите сè уште не е на повидок, и покрај честите шпекулации во јавноста. Ситуацијата ќе остане тешка засега во 2024 година“, рече извршниот директор на ВДП, Јенс Толмит.
Со години недвижностите во Европа, особено во Германија, беа многу барани поради ниските каматни стапки. Но, ненадејниот скок на каматните стапки и градежните трошоци доведоа некои инвеститори во несолвентност.
Германија досега беше најтешко погодена во Европа, а кризата ги зафати и Кина и САД. Зделките за недвижнини се повеќе се загрозени, а индустријата бара итна помош.
Подготвено од А.Ѓ.