shvedska evropa

19.02.2024 Скопје

Годишната стапка на инфлација во Шведска се зголеми на 5,4 отсто во јануари од 4,4 отсто во декември, објави денеска Шведскиот статистички институт СЦБ.

Пазарите очекуваа помал пораст на инфлацијата, на 5,1 отсто.

Цените на станбените и комуналните услуги во јануари пораснале за 10,1 отсто на годишно ниво, што е значително забрзано од декемвриските 3,3 отсто, поради поскапувањето на струјата, месечните давачки за станови и хипотекарните трошоци за станбени згради.

Наспроти тоа, цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемуваат со послабо темпо, за 3,8 отсто на годишно ниво во однос на декемвриските 5,3 отсто, како и цените на транспортот за 0,9 отсто во однос на декемвриските 4,3 отсто.

Цените во категоријата Рекреација и култура се зголемени за 4,5 отсто на годишно ниво, во образование за 3,2 отсто, а цените на услугите во рестораните и хотелите се зголемени за 4,9 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author