09.02.2024 Скопје
Германската федерална статистичка служба Дестатис денеска објави дека годишната стапка на инфлација во Германија во јануари изнесува 2,9 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка.
Цените на стоките во Германија во јануари се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво, што претставува значително забавување во споредба со декемвриските 4,1 отсто.
Во оваа категорија, цените на енергијата паднаа за 2,8 отсто на годишно ниво по декемврискиот скок од 4,1 отсто, а цените на храната се забавија на 3,8 отсто на годишно ниво од декемвриските 4,6 отсто.
Наспроти тоа, цените на услугите во јануари благо го забрзаа растот на годишно ниво на 3,4 отсто од декемвриските 3,2 отсто.
Годишната стапка на основна инфлација во Германија падна на 3,4 отсто од 3,48 отсто и сега е најниска од јуни 2022 година.
На месечно ниво инфлацијата во јануари порасна за 0,2 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.