16.02.2024 Скопје
Големиот германски снабдувач на автомобилски делови, компанијата Континентал, денеска најави укинување на 7.150 работни места до 2025 година.
Од компанијата објаснија дека мерката се однесува на работните места во целиот свет и дека со неа сакаат да го олеснат преструктуирањето на компанијата со цел преминување кон електрични возила.
Компанијата, која стана позната меѓу другото по своите гуми, планира да елиминира дури 1.750 работни места во одделите за истражување и развој (R&D).
Овие отпуштања беа најавени уште наесен, но компанијата сега објави многу поголем број отпуштања од тогаш.
Тогаш компанијата истакна дека на овој начин ќе заштеди околу 400 милиони евра, но со оглед на тоа што сега се зборува за петкратен број на отпуштања, заштедата очигледно е уште поголема.
Подготвено од А.Ѓ.